еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонскиот моден бренд „Елена Лука“ во британски „Вог“

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, британскиот „Вог“.

Во рубриката во која магазинот ја запознава својата милионска публика со профили на дизајнери вредни за светско внимание, со право се најде и профилот на луксузниот моден бренд „Елена Лука“.

„Откако ја презентираше својата колекција посветена на Њујорк и истата се промовраше токму во центарот на светските случувања, во елитната населба Сохо на Менхетен во концептуалната продавница „Dreems“, Елена Лука се повеќе го привлекува вниманието и на светските медиуми.

Горди на својот успех во светски рамки, Елена Лука во друштво на уште неколку интернационално познати дизајнерски брендови, се најде на страниците на електронското и печатеното издание на модната библија.

Со ова исклучително значајно медиумско проследување, не само за Елена Лука туку и за комплетната домашна модна сцена, се потврдува влијанието на концептот „World of Elena Luka“, како проект на нашиот бренд чија што дестинација се главните светски модни метрополи“, се вели во соопштението на компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата набави 80 компјутери од ИТ Солутион М за 102,3 илјади евра

Редакција

74-годишен пешак загина во близина на ТИРЗ Прилеп, во него удрил камион

Редакција

(Видео) Сопственик на ресторан од Гевгелија низ солзи: 7.000 евра казна за гости со лажни сертификати во време кога две години се бориме да преживееме, животот ќе ми се зацрни

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница