еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Македонските корисници и УНЕТ одбележуваат четвртина век од интернет конекцијата

Точно пред 25 години на 20 aприл 1995 година, Унет ја воспостави првата интернет конекција во Македонија во време кога населението не само што во најголем дел немаше воопшто слушнато за интернет мрежата, туку и не поседуваше персонални компјутери.

Во 25те години на развој покрај сите промени, предизвици и можности, УНЕТ и ИТ инфраструктурата на државата рапидно се развиваа, издигнувајќи не како нација во една од технолошки најнапредните во регионот.

Денес, преку 80% од населението активно користи интернет, а ИКТ индустријата е регистрирана како еден од најсилните придонесувачи во БДП.

„Започнавме скромно, ентузијастички, нашите цели пред 25 години првенствено се сведуваа на тоа да го едуцираме населението за тоа што е интернет мрежата, за што се користи, како се користи електронската пошта итн.”, објаснува Анета Пешева, основач на УНЕТ и претседател на Управниот одбор на МАСИТ.

Денес, Унет е компанија која креира уникатни веб решенија со примена на современи технологии, нуди услуги за хостирање, регистрирање на домени, како и корисничка и техничка поддршка за своите корисници.

Јубилејната четвртина од век постоење, УНЕТ ќе ја посвети на доделување помош на најзасегнатиот сектор од кризата поради пандемијата на Ковид-19, – угостителството.

„Деновиве, кога го одбележуваме нашиот 25 годишен јубилеј се вонредно тешки за сите нас не само како граѓани на оваа држава, туку и како стопанственици кои се соочуваме со огромни потешкотии во реализирањето на нашите деловни планови и цели.

Нашиот јубилеј ќе го одбележиме на тој начин што во месецот на нашето формирање април, за еден од најафектираните сектори од оваа криза поради пандемијата на Ковид-19, угостителството, одлучивме да доделиме изработка на три (3) веб решенија, целосно бесплатно за три (3) фирми од угостителскиот сектор,” додава Пешева.

Со овој гест УНЕТ ги насочува своите ресуси кон ранливите сектори во обид да манифестира единство и сплотеност која е толку потребна во овие предизвикувачки времиња.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Каква е постапката за дарување на крвна плазма, која кај нас за прв пат се употреби за лекување од корона вирусот

Редакција

Мицкоски: Ова што се случува мора да заврши со предвремени парламентарни избори

Редакција

„Еуролинк“ го доби тендерот за осигурување на владиниот авион „Лирџет“, екипажот и патниците вреден 24.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница