еМагазин
Image default
ЖИВОТ

(Фото) Младите не го слушаат Филипче и не седат дома: Кога кафулињата рано ќе затворат, забавата продолжува во Градскиот парк

Стотици млади, на возраст од 16 до 20 години, собрани во групи и од по десетина, синоќа можеа да се забележат во Градскиот парк во Скопје, пишува „Мета“.

Најголем број од нив се без маски на лицата, слушаат музика и се забавуваат седнати на сепарињата кај фонтаната „Лотос“ и по околните тревници.

Реки од луѓе кои се излезени на прошетка вечерва може да се видат насекаде по патеките во паркот.

Она што паѓа в очи е тоа што ретко кој од нив има лична заштита опрема и ретко кој внимава на потребната дистанца, иако тоа се главните мерки за заштита од ширење на Ковид-19, за кои речиси секој ден здравствените власти во земјава апелираат да се почитуваат.

Полиција или инспекција во Градски парк која би требало да казнува за непочитување на мерките, нема.

Фотографиите може да се видат ОВДЕ.

Мета/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Ковачевски и Бесими го прошетаа низ Охрид нобеловецот Пол Кругман

Редакција

Препораки за пациенти со бубрежни заболувања во услови на пандемија со корона вирусот

Редакција

Фотографија од средбата со Ципрас, открива што чува Заев во витрината во неговиот кабинет

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница