еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

(Фото) На влезот на Велес изгоре локомотива на Железници, нема повредени

Локомотива од товарен воз на ЈП „Македонски железници“ се запалила попладнето во близина на железничката станица во Велес, информираа од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од таму информираа дека интервенирале противпожарни екипи кои се уште се на терен, а железничкиот сообраќај на пругата е во прекин.

Во пожарот нема повредени лица.

– Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска од ЈП „Македонски железници“ (МЖ) е добиено известување дека околу 15:00 часот помеѓу железничка станица „Рајко Жинзифов“ и Велес се запалила локомотива од товарен воз.

Притоа машиновозачот ја откачил локомотивата од вагоните, за да не се прошири пожарот. Заради непристапноста за гаснење на запалената локомотивата со ПП возило таа била гасена со противпожарни апарати.

Според последната информација, пожарот се уште не е целосно изгаснат, но според известувањето од МЖ гаснењето е при крај, се наведува во известувањето од ЦУК.

Се очекува комисија од МЖ да излезе и да изврши увид, по што би требало повторно да биде воспоставен железничкиот сообраќај.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре во Скопје нов протест за чист воздух

Редакција

Бугарите од пограничните места доаѓаат во Делчево по евтини лекови и храна

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотресот во Турција и Грција загинаа и две деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница