еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Награда „Бизнис лидерство и филантропија„ за Д-р Драгана Д. Чифлиганец на битолските оскари за најуспшените

„Бизнис лидерство и филантропија“ е наградата која ѝ е доделена на д-р Драгана Д. Чифлиганец на манифестацијата „Оскари за најуспешните“, што 20 години по традиција ја организира Битолски весник.

Наградата која освен на најпопуларните битолчани секоја година им се доделува и на заслужни и истакнати личности од Македонија, на извршната директорка на Адора инженеринг ѝ припадна за препознаени европски лидерски бизнис вредности и имплементирани иновативни решенија во такавиканиот „машки бизнис на градежништвото и високата градба“, каде таа успешно делува 15 години.

На Чифлиганец особено драго ѝ е признанието за филантропијата и хуманите вредности, за активностите со кои таа континуирано, Адора инженеринг 18 години и Фондацијата проф. д-р Ванчо Чифлиганец од 2014-та година, сакаат да ги поттикнат другите, во рамките на можностите секој да им пружи рака со помош на ранливите категории граѓани, на болните, гладните, сиромашните и социјалните случаи, со што би се намалила нееднаквоста меѓу луѓето.

Наградата е валоризација на реализираните бројни проекти за поддршка на заедницата преку помош на образованието, учениците, студентите и вработените, на спортот, науката, културата и уметноста во Македонија, како придонес во изградба на подобар свет за сите.

Церемонијата на доделување на „Битолските оскари“ за 2019-та, одложено, се одржа минатиот викенд во Центарот на култура во Битола, според сите здравствени протоколи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнува конкурсот за текстови што ќе бидат дел од проектот „Современи бајки од Македонија“

Редакција

Анета од Радовиш со недобитен инстант лоз Еко скутер доби 150.000 денари бонус

Редакција

„Виз ер“ прогласена за најбезбедна од страна на airlineratings.com

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница