еМагазин
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Настава без мобилни телефони и во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“

Во кумановското основно училиште „Крсте Мисирков“ почна настава без мобилни телефони, информираа надлежните од училиштето.

Согласно, Кодексот на однесување во училиштето, од второто полугодие наставниците и учениците за време на часовите мобилните телефони ги ставаат во остава за телефони. Иницијативата, посочија потекнала и од наставниците и родителите уште од мината учебна година.

 – Знаеме дека во денешното време телефоните се повеќе од потребни, меѓутоа сведоци сме дека низ годините наназад паметните (смарт) телефони беа максимално злоупотребувани за време на наставата. Ние не забранивме носење на телефони во училиштето, меѓутоа за време на часовите ги задолжуваме учениците и наставниците во интерес на наставата истите да ги остават во новопоставените остави за телефон.

За време на одморите учениците можат слободно да си ги користат своите телефони, изјави директорот на училиштето, Александар Јовановиќ.

За да се реализира иницијативата, уште ланската учебна година била извршено дополнување на Кодексот за однесување во училиштето. Промената  едногласно ја одобрил Советот на родителите и била изгласана од Училишниот Одбор .

–Успехот на учениците зависи од многу фактори, меѓутоа сите заедно сме на исто мислење дека со ова ќе го задржиме вниманието на учениците за активно следење на наставата. Нормално, со дозвола од страна на предметните наставници по предметите како што се ликовна и музичка уметност, учениците можат да користат мобилен телефон во реализација на наставната содржина и тоа го назначивме и во Правилникот,  појаснува Јовановиќ.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Ќе го следат ли и другите општини примерот: Во училиштата во Ѓорче Петров забранети мобилни на часовите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сто и дваесет години од загинувањето на Гоце Делчев

Редакција

По подолг период бројката на заразени со корона вирусот под 100 и изнесува 78, во Скопје 26

Редакција

Француско, а наше: Новата светска винска икона Terrasse à l’Ombre создадена од винарскиот тим на Тиквеш

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница