еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Нема реакција на надлежните за злоупотребата на името на доктор Пановски, тој со нов апел

Доктор Никола Пановски, кој неодамна апелираше дека е искористен за комерцијални цели, на својот Фејсбук информира дека нови реклами во кои се злоупотребува неговото име продолжуваат да излегуваат секој ден.

“Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:

Ако видите реклама, текст, фото, интервју со мене Никола Пановски за било каков производ, чај, лек, итн., знајте дека е лага, не купувајте Ве молам!

Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден.

Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам. Споделете! Ви благодарам“, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Не рекламирам ни чај за паразити, ниту некогаш ќе рекламирам некој лек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Редакција

(Фото) КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

Редакција

Годишен раст на зелените кредити од 8,5%

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница