еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Еуростандард банка го претстави својот нов производ Mastercard дебитна картичка со мирис на малина  

Изминатите три викенда, посетителите на поголемите скопски трговски центри беа сведоци на интересни активности кои ги подготви Еуростандард банка за промоција на својата нова и уникатна Mastercard дебит бесконтактна картичка.

Имено, освен што посетителите имаа можност да се запознаат со придобивките од картичката, беа „почестени“ со чаша свежи малини, како асоцијација на мирисот кој се шири при протривање на одреден дел од картичката.

Активноста беше одлично пречекана од случајните посетители кои беа позитивно изненадени од вниманието, но и иновативниот начин на промоција на новиот производ на Еуростандард банка.

Одличен начин за пласман на производ, нели?

Инаку, новата мирислива картичка е првата картичка од ваков вид на македонскиот пазар, а воедно и прва бесконтактна картичка во портфолиото на Еуростандард Банка, која доаѓа со бројни придобивки за клиентите како подигнување на готовина на банкомати на сите банки во земјата без надомест, без дополнителни трошоци за годишна членарина, бесплатна промена на ПИН бројот на банкомат на Еуростандард Банка, како и бесплатно користење на услугите м-банкарство и СМС банкарство од Еуростандард Банка.

Повеќе информации за новата Mastercard дебит бесконтактна картичка и услугите на Еуростандард Банка можат да се добијат на веб страницата www.eurostandard.com.mk или пак во мрежата на експозитури ширум земјата.

Погледнете дел од активностите во продолжение:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Изложба за Тоше во Музејот на македонската борба за самостојност

Редакција

Експериментална работилница за дизајн на производи на Skopje Design Week 2018

Редакција

Пролетни медени денови во Рамстор Мол

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница