еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Новата Мис на Медитеранот е Мија Стерјовскa

На изборот за Мис на Медитеранот 2023 кој се одржа минатиот викенд во Киренија на Кипар, нашата претставничка Мија Стерјовска направи голем успех со победата во конкуренција на 20 девојки од исто толку држави од Медитеранот.

Титулата Прва придружничка ја освои претставничката на Гибралтар, а Втора придружничка е девојката од Шпанија.

Финалето во организација на Aya Production од Либан, се одржа во прекрасниот амбиент на хотелот Les Ambassadeurs во Киренија, на самиот брег на Средоземното море, каде девојките беа сместени и се подготвуваа.

Нашата Мија е член на Моднато судио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за овој интернационален избор за убавина веќе 20 години.

Ова е шести пат како девојките од Црнокрак освојуваат победа на Мис на Медитеранот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Татко на шест деца извршил обљуба на една од малолетните ќерки, мајката ја „продавала“ за сексуални услуги на третоосомничен

Редакција

Денеска дојави за бомби дури во 66 училишта во Скопје

Редакција

Македонскиот бренд Биби избран меѓу 20 -те најдобри анимирани цртани за претшколски деца на фестивал во Франција  

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница