еМагазин
Image default
Бизнис

(Фото) Новo од „Тиквеш“: Шприцер во лименка

Винарската визба „Тиквеш“ лансираше нов производ на пазарот, шприцер во лименка.

Сржта на новиот производ е популарното бело вино „Смедеревка“, во идеална комбинација и сооднос кој традиционално се користи при подготовка на шприцер, велат од компанијата.

„Во креирањето на овој нов производ се раководевме од нашата стратешка цел – следејќи ги пазарните трендови, постојано да нудиме иновативни производи со кои ќе ги задоволиме очекувања на потрошувачите, поместувајќи ги притоа стандардите во индустријата и потрошувачката на вино во земјата“, изјави генералниот директор на „Тиквеш“, Радош Вукиќевиќ.

Новиот освежителен пијалак содржи 5% алкохол и се препорачува да се консумира разладен.

Спакуван е во лименки од 330 мл, што му дава особена практичност и креира дополнителни можности за консумација на различни места и прилики.

Заради практичното пакување, одличниот вкус, свежината и ниското ниво на алкохол, очекувањата се дека шприцерот во лименка ќе биде добро прифатен, како од традиционалните консументи на шприцер кои се лојални на брендот „Смедеревка“, така и од нови категории потрошувачи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центарот за управување со кризи вработува државни службеници, плата до 36.919 денари

Редакција

Владата ќе го одбие барањето за отварање на рудникот Иловица доколку утврди неправилности кај концесионерот

Редакција

Комерцијална банка ја „тресе“ берзата: Продаден блок од 10.000 акции за 51,5 милиони денари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница