еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Османи од украинскиот град Ирпињ: Градот е жив доказ дека руската агресија над Украина претставува тешко кршење на меѓународното право

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој престојува во работна посета на Украина, денеска придружуван од претставници на украинската Влада го посети градот Ирпињ, на периферијата на Киев, кој беше место на интензивни воени дејствија од почетокот на руската инвазија на земјата.

“Денеска во Ирпињ, заедно со претставници на Влада.

Градот е жив доказ дека руската агресија над Украина претставува тешко кршење на меѓународното право. Нападите врз цивилите се воено злосторство, за што мора да има одговорност.

Пронајдени се телата на бројни цивили, додека над 70 отсто од зградите се потполно или делумно уништени, вклучително болници и образовни институции“, напиша тој на Фејсбук.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски додека има мандат ќе зема пратеничка плата, која ќе му се намалува

Редакција

„ДУНА“: Апликацијата работеше беспрекорно, но страницата на ДИК беше цел на хакерски напад

Редакција

(Фото) Што му подари Силјановска на Папата Франциск

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница