Во средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ од Битола, вчера во 8.00 часот, паднал таванот во училишните тоалети, при што лесно е повредена ученичка, информираа од Општина Битола.

Тоалетите пред неколку години биле реконструирани со донација, а последниве денови биле воочени проблеми на горниот кат, проследени со извесно прокапување, посочуваат од таму.

На ученичката во Клиничката болница и биле направени испитувања поради болки во раката.

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски од директорката Наташа Илиева побарал одговорност, поради навремено непреземените мерки и непријавениот проблем, велат од Општината.

Фото: Општина Битола


