еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски го помилува Абдуљфета Алими и уште четири други лица

Претседателот Стево Пендаровски донесе Одлука за помилување на осудени лица.

-Со Одлуката целосно се ослободува од понатамошно извршување на казната затвор Александар Трајан Петровски од Скопје.

Делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор осудените лица: Неџмедин Расим Матоши од Скопје во траење од четири месеци, Димитар Милија Мишков од Скопје во траење од три месеци, Абдуљфета Амид Алими од с. Оризаре Општина Липоково во траење од осум месеци и Џафер Џемаиљ Небија од с. Арачиново во траење од пет месеци, стои во одлуката што е објавена во Службен весник.

Според Кабинетот на претседателот, помилувањата се спроведени согласно со законска процедура, а сите лица кои се помилувани ги исполнуваат условите за такво нешто.

-Министерството за правда доставува предлози за помилување до Кабинетот на претседателот. Комисијата за помилување како работно тело на претседателот ги разгледува и проценува предметите и му доставува предлози на претседателот кои лица да бидат помилувани согласно законските основи, велат од Кабинетот на претседателот и дополнуваат дека помилуваните лица, за кои се објавени одлуките во Службен весник, се лица кои ги исполнуваат условите и за кои Комисијата дала позитивна препорака.

Фото: Кабинет на претседателот/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани склучени договори за јавни набавки во вредност од 1,5 милијарда евра, за 35% повеќе од претходната година

Редакција

Убава вест: Оздравени 276 болни од Ковид-19

Редакција

(Видео) Откриени 100 килограми марихуана и пиштол со пригушувач во камион на Табановце

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница