еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Пендаровски на папата Франциск му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Ватикан имаше аудиенција кај папата Франциск.

Како што објави шефот на државата на Фејсбук, потврдено е искреното пријателство и длабоките врски меѓу Светата Столица и Македонија.

– Добивме поддршка и благослов да продолжиме посветено да работиме за мир, среќа и благосостојба на сите наши граѓани. Врз темелите на бесмртното дело на Светите Кирил и Методиј, со заштитниците на Европа и понатаму ревносно да градиме заедничка просперитетна иднина, напиша Пендаровски по средбата со папата Франциски.

Тој му заблагодарил на папата за историската посета на земјава, што претставува огромно признание за нас.

На аудиенција кај папата Франциск, Пендаровски му подари дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име.

– Папата Франциск прв го добива најновиот дрес на македонската фудбалска репрезентација со неговото име испишано на кирилица. Ова е дресот со кој ќе настапат нашите најдобри фудбалери на претстојното #EURO2021.

Нека донесе среќа, нови успеси и победи на претстојното европско првенство, наведува Пендаровски на Фејсбук.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР му одговори на Ковачев: Секој европратеник кој го почитува достоинството на државата и нејзините граѓани е добредојден во Македонија

Редакција

Филипче: Имаме експлозија на вирусот, целата зграда за Интерни клиники ќе биде наменета за третман на пациенти со Ковид-19

Редакција

(Видео) Нова песна и спот на Brass Brothers – „Take my Hand”

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница