еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча каде минатата година се водеа жестоки борби за одбрана на Киев

Министерката Славјанка Петровска денеска во Украина ги посети градовите Ирпин и Буча, каде во текот на месец март минатата година се водеа жестоки битки со руските сили.

Во Ирпин и Буча, Петровска и лично ги виде последиците од уништувањето предизвикано од војната, тешките услови во кои живеат Украинците, но и нивната жар и мотив да се изборат за својот суверенитет.

„Војната е немилосрдна и единствено нешто што носи се болка и тага. На лицата на Украинците може да се види бескрупулозноста на воените дејствија, но може да се види и нивната цврстина и желбата да ја одбранат својата татковина“, рече министерката при посетата на овие градови.

Таа го потенцираше херојството на овдешните луѓе во одбраната на својата земја и ја повтори итната потреба мирот и безбедноста да се вратат на територијата на целата земја.

Петровска порача дека Македонија цврсто и јасно укажува на тоа дека страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Министерката Петровска во Киев: Украина ја има нашата поддршка за одбрана на својата сувереност и независност

Фото: МО

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

Редакција

Во што се разликуваат грипот и настинката од омикрон: Објаснува Д-р Вело Марковски

Редакција

Мапа на „големото бегство“ на Груевски низ Балканот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница