еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Претседателот Пендаровски во Варшава одликуван со Орден на Белиот Орел, претседателот Дуда со Орден „8 Септември“

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска во Варшава, во рамки на неговата официјална посета на Република Полска, беше одликуван со највисокото полско одликување, Орден на Белиот Орел, како симбол на блиските дипломатски и политички релации меѓу двете држави и претседатели и потврда на македонско-полското пријателство и партнерство.

Со Орден „8 Септември“ претседателот Пендаровски, соопштија од неговиот кабинет, го одликуваше претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда за исклучителен придонес во негувањето и во развивањето на дипломатските односи меѓу Полска и Македонија, за неговото посветено застапување и зајакнување на стратешките цели на Македонија, со цел зачленување во Европската Унија и во НАТО, како и за продлабочувањето на пријателските релации и стратешки соработки помеѓу двете земји на социо-културен план, што придонесува за демократските процеси на нашата земја.

Шефот на државата Пендаровски престојува во дводневна официјална посета на Република Полска.

Со државни и воени почести, изутрината во Варшава, беше пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, по што се одржа тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на македонската и полската делегација.

Попладне, како што е најавено, Пендаровски ќе оствари средба и со премиерот на Република Полска, Матеуж Моравјецки, а заедно со претседателот Дуда ќе присуствува и ќе се обрати на средба со претставници на полските комори и бизниси и македонски претставници од бизнис секторот.

Фото: Кабинет на претседател

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ од Џузепе Верди, на 7. март во НОБ

Редакција

Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан, има и осомничени, тврди тој

Редакција

Втор круг од Локалните избори: Ќе се гласа во 44 општини, прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница