еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Приведен 31-годишен дилер на марихуана во Охрид

На 12.11.2020 во 21.30 часот, на улицата „Васил Главинов“ во Охрид, при преглед извршен врз Т.Љ.(31) од Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа две најлонски кеси со марихуана, информира МВР.

„Дополнително, при претрес во неговиот дом како и во помошна просторија што ја користел на улицата „Марко Нестороски“, пронајдени се 80 полиетиленски опаковки со  различна тежина на марихуана наменети за улична продажба на наркозависници од Охрид. Т.Љ. е приведен и против него, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава“, соопшти МВР.

Фото:МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Нападот на Раде Трајковски Штекли бил најавен на ТикТок

Редакција

Крвава тепачка во центарот на Скопје: Еден завршил на клиника со убодна рана

Редакција

Во Гостивар три автобуси исклучени од сообраќај поради несправни сопирачки

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница