еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Приведен дилер во Влае: Продавал од „убавото“

На 13.11.2020 околу 17 часот полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Скопје во скопската населба Влае сопреа возило „субару форестер“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Д.Б. (38) од Скопје и при извршен преглед во возилото било пронајдено пакување со синтетичка дрога амфетамин, информира МВР.

„При дополнителен преглед со употреба на службено куче за детектирање на дроги, во внатрешноста на шал таблата од возилото, во специјално направен бункер биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и амфетамин, наменети за натамошна продажба. Против Д.Б. ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното ОЈО-Скопје“, соопшти МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Две лица тепале скопјанец на улица „Бутелска“

Редакција

Автомобил удри во 21-годишна девојка во Струмица, возачот побегнал

Редакција

Кумановец со нож ги убил сопругата и нејзината мајка по што се самоубил скокајќи од прозорец

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница