еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Промовирана поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на ЕУРО2020

Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Северна Македонија.

На промоцијата, која се одржа во просториите на дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија“ – Скопје, генералниот директор Јани Макрадули порача дека со оваа поштенска марка сакаат да се заблагодарат на репрезентатиците за успехот и радоста што ја приредија на сите нас.

– Марката е со номинална вредност од 181 денари и изработена во 6.000 примероци. Поради ковид мерките, иако бевме договорени, денеска, за жал со нас не се селекторот и играчите, изјави Макрадули.

Ова е скромен придонес од нас за сите фудбалски репрезентативци, посочи Макрадули и им посака успех на првенството.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски, порача дека нашите фудбалски херои го заслужуваат ваквиот гест и поштенска марка во нивна чест.

– Се надевам дека до почетокот на отворањето на ЕП ќе собереме сили што повеќе граѓани да присуствуваат на трибините во Букурешт. Како спортист знам дека не е исто, да се игра со полни и пред празни трибини, изјави Мојсоски.

Mакедонската фудбалска репрезентација обезбеди прв историски настап на ЕУРО2020, што од 11 јуни до 11 јули ќе се одржи во повеќе градови низ Европа.

Македонските фудбалери својот прв натпревар на Европското првенство го играат на 13 јуни во Букурешт против Австрија, по што следат пресметките со Украина и Холандија.

МИА/Фото: Пошта

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во конкуренција од 3.942 решенија: Македонското студио OmniCreative со златна награда за дизајн на пакување на MUSE Design Awards во Њујорк

Редакција

Сашко Кедев испишува историја: Го искачи К2, вториот највисок врв во светот, а за четири месеци застана на два врва над 8.000 метри

Редакција

Скопје-најнеобичниот град на Балканот, вели во новото видео светскиот туристички блогер Дацешин

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница