Режисерката Тамара Котевска и режисерот Љубомир Стефанов учествуваа и во пред-оскаровски панел со останатите автори на филмовите номинирани во категоријата „Најдобар интернационален филм“.
„Медена земја“ е единствениот документарен филм номиниран во оваа категорија.

На панелот учествуваа и Јан Комаса, режисерот на „Корпус Кристи“, Лаџ Лу, режисерот на „Клетници“, Педро Алмодовар, режисерот на „Болка и слава“ и Бонг Џун Хо режисерот на „Паразит“.

Вчера тие исто така учествуваа и на панел со авторите номинирани во категоријата „најдобар документарен филм“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
фото: Фејсбук-профил на Медена земја


