еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

(Фото) Шампионите во хокеј порачуваат: На Македонија ѝ треба арена за овој спорт

Репрезентативецот во хокеј Самуел Наумовски Вицкиус, по повод победата на македонската репрезентација во хокеј на турнирот во Хусен, Германија за „еМагазин“ вели дека ова е првиот ваков голем успех за македонскиот хокеј.

„Многу ни беше важно да победиме на вакво ниво на хокеј. За хокејот во Македонија ова ни значи многу, да се покаже дека има интерес и дека ни треба арена во државата за да заживее спортот и да се зголеми интересот и нови генерации да може да играат“, вели Наумовски Вицкиус.

Оваа победа на Светско првенство во хокеј за држави без хокеј арена или официјално IIHF Development Cup се искористи за уште еднаш да се упати апел дека на државата и е потребна арена, бидејќи очигледно дека има потенцијал за развој.

Наумовски Вицкиус живее во Шведска, по мајка е Македонец и често доаѓа во Македонија поради обврските со овој спорт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставен ќе поведе постапка за Законот за данок на солидарност

Редакција

Тежок удар: Египет ја порази Македонија со 38:19 на Светското првенство во ракомет

Редакција

За Судски совет тврдењата на холандскиот амбасадор биле неосновани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница