еМагазин
Локално ТОП СТОРИИ

(Галерија) Силниот ветер синоќа откорна дрвја, сруши бандери, летаа кровови на Партизанска

Силниот ветер синоќа кој го зафати Скопје за среќа предизвика само материјална штета.

Една од најпогодените општини беше Карпош каде што летаа кровови на Партизанска.

На социјалните мрежи кружеше видео во кое летнат лим во Карпош 4, падна врз луѓе што се движеа, но за среќа беа извлечени

Екипата на Противпожарната служба синоќа ги расчистуваше лимовите и паднатите греди, долж улиците, а на терен беа излезени и службите на општините.

„Комуналните служби се фокусирани на отстранување на паднатите дрвја од улици, патеки и влезови пред основни училишта и градинки. Стигнуваат пријави за паднати дрвја во повеќе населби. Етапно, ќе се расчистуваат сите,“ информираше утрово градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УХМР: Ветерот во Скопје дуваше со брзина од 100 километри на час

(Галерија) Ветерот во Скопје ја однесе фасадата на МЕПСО, оштетени и други објекти од „Скопје 2014„

Фото: Пожарна Скопје/emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Охрид вработува десет лица, плата до 33.420 денари

Редакција

Кривична за Артан Груби за противправно стекнување и прикривање имот од Левица

Редакција

Србија и Унгарија ќе испратат покана до Македонија да се приклучи кон изградба на брза железница

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница