еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Скопје ќе го добие првиот Retail Park во јуни

По пример на европските градови, свој Retail Park за неколку месеци ќе добие и Скопје.

Паркот се наоѓа во општината Чаир – Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позциониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

На површина од 9.500 м2 и купувачите ќе ги сретнат познатите модни брендови, потоа трговски ланци за техничка стока како и продавници за покуќнина и мебел.

Дел од Retail park-от ќе бидат добропознатите брендови Нептун, JYSK, LC Waikiki, Sport Vision, KFC, Зегин.

Исто така, во паркот се планираат и супемаркет, банка, кафетерија, ресторан и игротека за деца на 2.500 м2.

„Долго време Скопје чекаше проект од ваков карактер, интересот за закуп на простор во проектот е голем. Посветено работиме и со нетрпение го очекуваме отворањето”, изјави Катарина Николов, од Cushman and Wakefield/FortonМКА.

Инвеститор на објектот е компанијата Али Тобако од Скопје, а отварањето е предвидено за јуни, 2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претрес и во домот и возилото на Дејан Јованов-Деко, газдата на дискотеката „Пулс“

Редакција

Затворските казни за осудените за убиството на Денис Тот остануваат исти, одлучи Апелација

Редакција

Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за убиствата на Вања и Панче, вели Бубевски

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница