По извршените контроли на кафе барот „Интермецо”, вчера вечер истиот продолжил со работа и покрај изреченото решение и забраната за работа од 30 дена, соопшти на својот Фејсбук профил, градоначалникот на скопската Општина Центар, Саша Богдановиќ.
“Пломбата поставена на влезот на локалот е отстранета што согласно членот 389 од Кривичниот законик, претставува кривично дело казниво со парична казна или со затвор до три години.
По добивање на записниците, Општина Центар до надлежните органи ќе поднесе кривична пријава за симнување на службен печат“, напиша тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затворен кафе-барот Интермецо поради гласна музика
Фото: Фејсбук/Богдановиќ