еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Со тикет од 20 денари до 2,5 милиони денари: Нов милионер на „Sport Life“

И порано имало милионски добивки, но изминатиот викенд вистинско изненадување приреди играчот во обложувалницата на Sport Life во Влае, информираат од таму.

Со тикет од само 20 денари и 27 пара, успеа да ги погоди сите и да обезбеди неверојатна добивка од 2,5 милиони денари или поточно околу 40.000 евра.

Среќниот, но и вешт играч, одиграл 27 фудбалски натпревари од различни првенства, од кои дури 24 на конечен тип, а три се погодени на други игри за вкупен погоден коефициент во износ од 70.039 денари.

Така, со 20 денари остварил добивка од 1,4 милиони денари, но со бонусот Фибоначи, остварил плус 1,1 милиони денари, за да стане двоен милионер на Sport Life.

Изборот на натпревари и игри, од различни првенства му донесоа покрај висока добивка и многу неизвесности и возбуда. Така на пример на два меча, головите за победа паѓаа во 96-тата минута, а на друг во 98-та минута. На мечот пак во Италија меѓу Модена и Имолезе, победничкиот гол е постигнат од голманот и тоа од 80 метри, во 91-та минута од мечот.

Покрај мечевите од пониските лиги на Англија, Белорусија, Бразил, Шпанија, Чешка и други, му се погодиле и мечевите од Бундеслигата. Еден по еден, сите 27 меча оделе во негов прилог, така во еден викенд, уплаќајќи рано в сабота, веќе во утринските часови во недела ја остварил целта.

Со среќа нека му е добивката и добиениот бонус!, велат од „Sport Life“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХТЛ Македонија донираше медицинска опрема во вкупна вредност од 20.000 евра на ГОБ „8 Септември“

Редакција

Две национални награди за проектите на ЕВН за Електромобилност и Знаковен јазик

Редакција

Инфективната клиника доби донација од Црвениот крст обезбедена од Фондацијата на Coca-Cola и Пивара Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница