еМагазин
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро

Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро.

-Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, вели Стојмирски.

Претходно во месец јули годинава спортскиот риболовец Горанчо Ќурчиски фати сом тежок 70 килограми.

-Со Ванчо сме често на риболов. Во мојот случај тој ми помогна да го извадиме од водите. Тежеше за 10 килограми помалку од оној на Стојмирски, значи 70 килограми и 230 сантиметри, додава Ќурчиски.

Калиманско Езеро изобилува со ретки примероци на сом, а токму делчевските риболовци се едни од рекордерите со најголем улов на познатото вештачко езеро.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стандард и Пурс го потврди кредитниот рејтинг на Македонија, ББ- со стабилен изглед: Денарот е стабилен, банкарскиот сектор соодветно капитализиран

Редакција

(Фото) Како Пецко пред шест години ги предвиде случувањата во ВМРО-ДПМНЕ денес

Редакција

Од денеска ќе носиме маски и на отворено, дома ќе можеме да примаме повеќе од 4 гости

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница