еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Сопругата на Пендаровски подготвуваше храна за бездомници и социјално загрозени лица

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска денеска се вклучи во активноста на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“, односно подготовка на храна за бездомни и социјално загрозени лица, соопшти Кабинетот на претседателот.

Храната се подготвуваше во кујната на црквата „Гласност“. Согласно со досегашната практика, оброците ќе бидат распределени во текот на претстојниот викенд, кога не функционираат народните кујни.

-Кризата којашто е последица на пандемијата на Ковид – 19, најтешко се одрази кај овие категории на ранливи граѓани. Оттука, зголемена е и потребата за топол оброк. Да бидеме хумани и солидарни, да им помагаме на оние на кои таа помош им е најпотребна. Да споделиме храна со граѓаните коишто не можат да обезбедат оброк за себе или за своето семејство, истакна Ѓоргиевска.

Додаде дека во активностите на „Ретвитни оброк“, може да се вклучи секој што смета дека може да придонесе.

Неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“ заедно со здружението на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци, „Вистински дела на љубезност“ повеќе од пет години, им помага на најранливите граѓани. Двете организации беа дел и од хуманитарната акција иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски, „Волонтираме за солидарно општество“, стои во соопштението на претседателскиот Кабинет.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Кинески балон лета над САД: За Американците е шпионски, Кинезите велат дека е метеоролошки уред

Редакција

Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“

Редакција

(Возенемирувачки фотографии) Отруени кучиња во Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница