еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Три автомобили изгореле на Лефкада, на двајца српски и еден македонски државјанин

Три автомобили изгореле на Лефкада, помеѓу кои и на македонски државјанин, пишува српски Курир.

Според информациите од Марко Тодорчевиќ (38) од Белград, кој бил на летување во близина на Лефкада, одеднаш избил пожар при што бил уништен нивниот „голф 6“, возило во сопственост на турист од Нови Сад и третиот автомобил бил на македонски државјанин. Тие се сомневаат дека пожарот е подметнат.

„За жал ние немаме каде да се обратиме, нивната полиција ни рече дека нема ништо од тоа и дека таквите работи се случуваат. Исто така наведоа дека пожарот бил како последица на неисправен џек, што по 15 часа стоење на автомобилот во сенка, е невозможно,“ изјавил Тодорчевиќ, кој се сомнева дека пожарот е подметнат бидејќи се Срби.

Со автобус се вратиле во Белград, од каде што ќе се обидат да го решат нивниот случај.

Инцидентите со автомобилите на српски државјани во Грција, годинава се загрижувачки. До сега имаше неколку случаи на крадење на автомобили на српски туристи на Халкидики, како од плажи, така и на наводно безбедни места за паркирање, во гаражи од хотел и во приватни вили.

Фото: kurir.rs

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре повисоки дневни температури, за викендот локално дожд

Редакција

(Фото) Охрид SOS: Додека Владата држеше седница во Охрид, камиони истураа градежен шут на брегот

Редакција

Османи го осуди нападот на Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница