еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

(Фото) Украдени новозасадените дрвца кај поликлиника „Чаир“

Непознати сторители изминатата ноќ украле девет украсни садници од јавното зеленило пред Поликлиниката „Чаир“ во Скопје кои екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ ги засадија во текот на вчерашниот ден.

Град Скопје соопшти дека со кражбата е причинета материјална штета, а претходно уреденото зеленило на локацијата е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

Екипите на Град Скопје и на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве се на терен во сите скопски општини и засадуваат нови зимзелени и листопадни дрвца за да ги обноват уништените дрвореди по должината на градските улици и булевари и за да подигнат нови.

Во оваа есенска акција за засадување дрвја, на местото на украдените садници пред Поликлиниката „Чаир“ ќе бидат засадени нови садници.

– Засадувањето дрвја е приоритет на Градот Скопје како влог за чиста и здрава животна средина. Скопје и скопјани заслужуваат да имаат убаво уредени зелени површини. Поради тоа, Градот Скопје апелира до граѓаните да ги чуваат дрвјата и другото зеленило на јавните зелени површини и да придонесат за почиста и поздрава животна средина, се вели во соопштението од Град Скопје.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Интересна идеја на „На точак“: Прва од четирите приказни, што може да биде велосипедска патека

Редакција

Владата го менува законот за животна средина: Ќе се идентификуваат контаминирани подрачја

Редакција

Нивите кои го снабдуваат Скопје со земјоделски производи може да бидат загадени ако се изгради фабриката во Гази Баба за која граѓаните стравуваат

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница