еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(Фото) Уште една успешно изведена трансплантација на бубрези од починат донор

Лекари од Клиниките за анестезија, реанимација и интензивна нега – КАРИЛ, Урологија, Нефрологија и Институтот за трансфузиологија, уште еднаш изведоа успешна кадаверична трансплатација на бубрези, објави министерот за здравство Венко Филипче на неговиот фејсбук-профил.

„По пауза од речиси три години, оваа е втора трансплантација на бубрези од починат донор и тоа во рок од два месеци, што е голем успех за тимот лекари кои работат на вакви зафати.

Пациентите кои ги добија бубрезите се чувствуваат добро и сѐ уште се наоѓаат на одделението за интензивна нега на КАРИЛ. На пациентите им ги честитам Бадник и Божик и им посакувам што побрзо да закрепнат за да бидат со своето семејство“, напиша Филипче.

фото: Фејсбук/Филипче

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голема наградна игра – освојте патување од бајките во Швајцарија со Revalid®

Редакција

(Галерија) Изложбата „Творење и креирање на дела од отпад од пакување“ во Кинотека на Македонија, може да се види до 1 декември

Редакција

(Фото) Доделени наградите „13 Ноември“: Меѓу добитниците Диме Поповски, Жарко Караџовски, Илина Арсова…

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница