Повозрасните македонски граѓани сигурно се сеќаваат дека порано било сосем нормално во попладневните часови да се оди на некоја од плажите на реката Вардар во Скопје.

Оваа фотографија е направена на Руска плажа кон крајот на 60тите години од минатиот век. Скопјани се разладувале во водите кои биле толку чисти што некогаш се белеле платна во реката.

Денес, сликата е сосем поинаква. Вардар е полн со фекалии и пластика, како и со киселини и индустриски отпад.

Фото: Фејсбук/Гранап/Стари Скопјани
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

