еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Милен Врабевски, за кој медиумите пишуваат дека е главен финансиер на фашистичките клубови “Ванчо Михајлов“ и “Цар Борис“ беше главен гостин во владата на Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Луѓе околу Заев се луѓето кои ги отвораат фашистичките клубови, тоа и самиот Заев го има кажано јавно на бугарска телевизија.

Дали СДС ќе се огради од Заев, зошто ако не се оградат, тие се само продолжување на неговата политика, која гледаме дека верно ја следат.

СДС на дезертерот Ковачевски практично овозможи да се отворат фашистички клубови, и не презема ништо да го спречи нивното отворање.

ВМРО-ДПМНЕ преку законски измени ќе делува да се променат имињата на клубовите, и да не може клубови со фашистички имиња да се отвораат во иднина“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Кој го финансира бугарскиот клуб “Цар Борис Трети“ во Охрид?

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Фото: Влада/татковина.инфо

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Касами го исклучи Кастриот Реџепи од Беса

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 613 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Редакција

Мицкоски: Ако Бугарија продолжи со своите барања, бараме напуштање на договорот и склучување нов

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница