еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Дубровник прва средба на Османи со неговата бугарска колешка Габриел

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во рамки на Дубровник форум, оствари прва средба со заменик претседателот на Владата и новата министерка за надворешни работи на Бугарија, Марија Габриел.

Како што соопшти МНР, упатувајќи честитки за новата функција, Османи изразил задоволство што, со формирањето на новата Влада во Бугарија, се создаваат дополнителни перспективи за поинтензивен политички дијалог, а со тоа и зголемени можности за зајакнување на билатералната соработка меѓу двата соседи.

На средбата министрите размениле мислење за работата на секторските работни групи, чии резултати се конкретни и видливи за граѓаните на двете земји, реафирмирајќи ја нивната важност за севкупните односи и соработка.

-Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската перспектива на Република Северна Македонија, соодветно на принципите и одредбите од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, се наведува во соопштението од македонското Министерство за надворешни работи.

На средбата биле разменети и ставови за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот, и потребата од забрзување на евроинтеграциите на државите од Западен Балкан, гледано и низ призма на променетите геополитички околности, се наведува во соопштението од МНР.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 198 случаи на Ковид-19 од 3.108 тестирања

Редакција

Спасовски: Владата очекува солидарност од банките, доколку ја нема тоа ќе се дефинира со уредба

Редакција

Каков имот пријавил Орхан Муртезани, новиот главен преговарач на Македонија со ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница