еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Фото) Во Грција “Covid free” простори, дел од угостителите “бесни“, нема да ги делат гостите на вакцинирани и невакцинирани

Во Грција од пред неколку дена почна да се применува новата мерка на грчката Влада за “Covid free” простори, која ќе важи до крајот на август, јавува дописникот на еМагазин од Грција.

Според мерката, затворените делови од угостителските објекти, но и отворените делови од клубовите, како и кината и театрите ќе бидат достапни само за вакцинираните и тие што прележале Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Грција од денеска „Covid free“ простори

Тие ќе треба тоа да го докажат тоа со сертификат.

Дел од угостителите во Грција најавуваат бојкот на новата мерка, бидејќи не сакаат да ги делат гостите на вакцинирани и невакцинирани.

еМагазин разговараше со угостители од Солун и грчките острови Хидра и Порос, а дел од нив на оваа мерка гледаат како на нов удар за нивната работа, која веќе претрпи преголема штета поради пандемијата со Ковид-19.

Отворените делови на угостителските објекти пак остануваат отворени за сите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 28 случаи на Ковид-19, оздравени 39, нема починати

Редакција

Заштедите растат, доказ дека граѓаните веруваат на банките

Редакција

Вучиќ за протестите на опозицијата: И пет милиони да се соберете, ниту едно барање нема да ви исполнам

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница