еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Врачена државната награда „11 Октомври“: Кои се добитниците

По повод празникот 11 Октомври – Ден на народното востание, денеска во Кристалната сала на Собранието на Македонија, беше врачена истоимената државна награда.

Одборот за доделување на државната награда, за животно дело во областа на науката, наградата постхумно му ја додели на проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар.

Во областа на културата и уметноста, наградата и беше доделена на поетесата Линдита Ахмети, писателот Томислав Османли и на ликовниот уметник Мицко Јанкуловски.

Претседателот на Одборот за државната награда „11 Октомври“, Џевдет Хајредини истакна дека на конкурсот се пријавиле вкупно 23 творци од сите области на живеењето. Упати апел до сегашната и идните влади, премиерите и министрите за финансии да не штедат од буџетските средства наменети финансирање на науката, културата и уметноста.

Ликовниот уметник Мицко Јанкуловски, заблагодарувајќи се во име на сите добитници, истакна дека денес живееме во време на реалност која сме ја наследуваме од нашите предци, а која потоа треба да ја пренесеме на нашите деца и да им оставиме општествено-културно наследство.

Наградата „11 Октомври“ се доделува за највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. Државната награда првпат е доделена во 1995 година.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министрите за надвореши работи на Австрија, Словенија и Чешка денеска во Скопје

Редакција

Детален преглед на 31 мерка од новиот пакет на Владата за поддршка на економијата

Редакција

Референдумот ги „живна“ старите волци: Црвенковски и Георгиевски напомош на Заев

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница