еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

(Фото) Вучиќ им зготви вечера на Заев и Рама во Словенија, им направи мангулица во леб

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој денеска ќе учествува на Бледскиот стратешкиот форум, организираше вечера за премиерите на Северна Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, јави дописникот на МИА од Белград.

Тој на Инстаграм налогот „будучностсрбијеав“ објави заедничка фотографија со премиерите Заев и Рама со наслов – Бледски форум во сенка на Отворен Балкан! Добро дојдовте драги пријатели!

-Се наоѓаме во ресторан „Земоно“ на почесниот конзул на Србија, Томаж Кавчиќ, секако едно од најдобрите места во регионот.

Бидејќи јас сум организатор на вечерата и домаќин на Зоран Заев и Еди Рама овде во„ Земон“, со помош на Томаж морам се добро да подготвам, а оваа мангулица во леб е посебен специјалитет, напиша Вучиќ со фотографија од ресторанот.

Фото: Влада/Инстаграм/„будучностсрбијеав“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петков вели оти било многу важно да продолжи конструктивниот дијалог со Македонија

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во октомври

Редакција

(Следете во живо) За продолжениот викенд Македонците во „поход“ на Грција

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница