еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев гласаше со сопругата Зорица и синот Душко

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска гласаше на избирачкото место 1730 во ОУ „Никола Вашцаров“ во Струмица.

На гласањето дојде во придружба на сопругата Зорица и синот Душко.

По гласањето рече дека денеска очекува масовноста во гласањето, со големиот одѕив.

„Очекувам Собранието да ја следи мнозинската одлука на граѓаните, која денес ќе биде јасен правец во која насока треба да се движи нашата земја. Очекувам по овие одлуки Македонија конечно да ги постигне своите стратешки цели – да биде членка на најмоќниот воен сојуз во светот – НАТО и да биде членка на најсилната економска унија во светот – Европската унија, изјави Заев.

На новинарско прашање колку е убеден дека ќе има гласови „за„, Заев рече дека очекува големо, големо мнозинство граѓани да бидат „за„.

„Јас верувам дека големо, големо мнозинство од граѓаните ќе биде „за„, бидејќи повеќе од 80% од нашите граѓани се за ЕУ и НАТО. Јас верувам дека тоа огромно мнозинство, како во секоја демократија, ќе биде прецизен патоказ за граѓаните, за нас политичарите и за парламентот да ги следат желбите на граѓаните, а на крајот парламентот да ја изгласа таа желба, бидејќи таму се потврдува нашата иднина“, изјави Заев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

35-годишен скопјанец починат донесен во „8 Септемрви“

Редакција

МНР: Ниту еден македонски граѓанин не се пријавил за помош во Либан

Редакција

Вкупно до сега 5.467: Починаа петмина од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница