еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Заев и Борисов на опуштена прошетка низ Дубровник

Премиерот Зоран Заев заедно со владина делегација учествува на осмиот Самит на шефови на влади на земјите од Централна и Источна Европа и Народна Република Кина од процесот 16+1 кој оваа година се одржува во Дубровник.

Пред започнување на официјалниот дел, премиерите на државите имаа опуштена прошетка низ Дубровник, а бугарскиот премиер Бојко Борисов објави фотографија со Заев на која го прегрнал и заедно шетаат низ улиците на хрватскиот град.

Во рамки на овој самит Заев ќе присуствува на отворањето на Економски и трговски форум, а ќе и има свое обраќање на пленарната сесија на која ќе се обратат премиерите на сите земји учеснички на самитот.

Според агендата на Самитот, владината делегација ќе оствари билатерална средба со премиерот на Народна Република Кина, Ли Кечијанг и кинеска владина делегација.

Во Дубровник, претставници на македонската Влада и на НР Кина ќе потпишат Акционен план за соработка во земјоделство.

Премиерот Заев ќе оствари средба со претседателот на Владата на Република Чешка Андреј Бабеш, како и заедничка средба со премиерите на Грција и на Хрватска, Алексис Ципрас и Андреј Пленковиќ.

Фото: Влада/фејсбук-профил на Борисов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов домашен бренд на природен сок од калинка: Семејната компанија Органик Нар од Богданци започна со производство на Art Juice

Редакција

(Фото) Асоцијацијата за метална и електро индустрија МАМЕИ го одбележа своето 10-годишно постоење, еМагазин доби благодарница

Силвана Жежова

Страшо Милковски и Ивана Милковска Симева купија по 4.200 акции во Гранит

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница