еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ФОТО) Заев на гала-вечера на која се обрати Мицотакис во рамки на конференцијата на „Економист“

Премиерот Зоран Заев присуствуваше на свечената гала вечера на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис.

На гала вечерата присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици.

Премиерот Заев денеска ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“.

Во текот на денешниот ден ќе биде потпишан и Договорот помеѓу Владите на Република Северна Македонија и на Република Грција за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Северна Македонија.

Средбите кои ќе се реализираат во фокус ја имаат економијата и енергетиката.

На економскиот форум во Атина, присутни се и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Економската соработка меѓу двете земји по потпишување на Договорот од Преспа се зацврстува и интензивира.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вреќи со пари најдени во домот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили во Брисел

Редакција

Претседателските кандидати Река, Сиљановска Давкова и Пендаровски ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Редакција

Диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредува доктор Беќаровски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница