еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Заев во Давос се сретна и со милијардерот Сорос

Премиерот Зоран Заев, во рамки на економската и политичка агенда на Светскиот економски форум во Давос, се сретна и разговараше со филантропот и финансиер Џорџ Сорос, основач на Фондациите Отворено општество (ФОО) и со Патрик Гаспар, претседател на ФОО.

-Зачленувањето на Република Македонија во НАТО и интеграцијата кон Европската Унија беа оценети како клучни чекори кои обезбедуваат стабилност и сигурност за земјата и за регионот, и ја отвораат вратата за нови странски инвестиции, за развој на македонската економија и за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, соопшти владината прес-служба.

Заев и Сорос разменилие идеи за интензивирање на соработката меѓу Владата и Фондациите Отворено општество со цел обезбедување подобри капацитети за грижа и за предучилишно образование за децата и за поголема вклученост на граѓаните Роми во разни сфери на општествените текови во Македонија.

Во разговорот, како што е наведено во соопштението од Владата на РМ, била истакната важноста на Националната стратегија за едно општество и мултикултурализам, како и потребата од интензивно учество на граѓанскиот сектор во креирање и спроведување на Стратегијата, со цел да се поддржи општествениот тренд на унапредување на довербата и комуникацијата меѓу различните граѓани и заедници во Република Македонија.

Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев во Давос се сретна со Хан и Столетенберг: Спроведувањето на Договорот од Преспа се одвива според планираното

Заев по втор пат: Кој се ја преставувал Македонија на самитот во Давос

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Мицкоски утре на лидерска во Собрание за иднината на СЈО и предвремени парламентарни избори

Редакција

(Фото) Колкави се платите на медицинските сестри, специјалистите и лекарите во јавното здравство

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница