еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Запленети 46 килограми марихуана во Тетово, дилерот приведен

Вчера ( 30 октомври ) во периодот од 12 до 22 часот и 30 минути, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес, најпрво во дом и помошни простории на 54-годишниот тетовец Н.И, лоцирани на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, а потоа и во објект ( мала куќарка ) на улица „29 Ноември“, исто така, негова сопственост.

„При првиот претрес, реализиран со судска наредба, на кој присуствувал и јавен обвинител, во една од собите е пронајдено над еден килолграм марихуана, 13 литри засега непозната течност, дигитална вага, дрвена дробилка, шприцеви и повеќе други предмети, кои се фото и видеодокументирани, и подигнати за вештачење.

Во вториот претрес, во малата куќарка, пронајдени се околу 45 килограми марихуана, набавена, според Н.И, од лице од Република Албанија.

Педесет и четиригодишниот тетовец Н.И, е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово. Во текот на денов ( 31 октомври ) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово“, се вели во соопштението на МВР.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

14 редовни основни училишта се затвориле во рок од една година

Редакција

Српска „Политика“: Груевски со лажен пасош побегнал преку Албанија, со „Малев“ од Тирана летал до Будимпешта

Редакција

Девет новопочинати пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 210

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница