еМагазин
Image default
Спорт

(Фото) Започна Бизнис 3х3 Баскет во СЦ „Јане Сандански“

Во Спортски центар „Јане Сандански“ во Скопје започна долгоочекуваниот Бизнис 3х3 Баскет турнир во организација на Спортплан. Истиот има за цел да им помогне на сите кои работат да се вратат во игра и во нивниот тим да се создаде кохезија како што единствено ја има во кошарката.

„Таа, на изглед толку наивна дружба на теренот ги развива меѓусебните односи, ја зацврстува довербата и ви дава една поразлична слика за луѓето кои секојдневно ги гледате можеби и повеќе од 8 часа. Гледате дека вашите колеги и соработници се многу повеќе од само вредни и паметни луѓе кои си ги вршат своите работни задачи. Учите повеќе за нивните желби, емоции…

Тие луѓе и покрај насмевката на лицето, имаат многу повеќе во нивните животи. Со тек на време се чувствувате послободни кога разговарате, знаете како да им се доближите во критични моменти и формирате мислење како тие би реагирале при одредени предизвици“, вели Зоран Панчевски, основач на Спортплан, за неговата инспирација за Бизнис 3х3 Баскет.

Во текот на вечерта се одиграа неколку натпревари:

Сава Осигурување vs. Парк хотел и спа – резултат 2-1

Макстил vs. АД ЕСМ – резултат 2-1

Пивара Скопје vs. Sport Vision – резултат 2-0

Мак Ауто Стар vs. НЛБ Банка – резултат 1:2

Бизнис 3х3 Баскет е од рекреативен и натпреварувачки карактер и за првите 3. екипи следуваат одлични награди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија е европски шампион во фудбал

Редакција

(Галерија) „Малешевска Корија – Спорт авантура 2020“: Во Берово се возеа велосипеди низ убавите планински предели

Редакција

Виз ер Скопски маратон со рекорден број на учесници: Повеќе од 13.000 љубители на трчањето од 55 земји ќе трчаат на 6. октомври

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница