еМагазин
Image default
Убава приказна

(Фото) Запознајте ги палатите во Скопје

Центарот за научни истражувања и промоција на културата „Хамеус“ во недела (20 мај) организира едукативна тура низ „Палатите на старо Скопје“.

Во рамките на оваа прошетка е вклучен едукативен дел за таканаречените палати на старо Скопје кои се наоѓаат во самиот центар на градот и во нивната архитектура може да се забележат влијанијата на многу европски стилови, како што се експресионизмот, арт нуво, академизмот, традицијата и модерниот стил, а честопати се надополнети со елементи на византиска традиција, класика, ренесанса и барок.

– Во изминатата година „Хаемус“ изработи обемна научно-истражувачка студија посветена на животот во Скопје, кој културно, социјално и економски интензивно се развивал во периодот помеѓу двете светски војни. Дел од оваа студија е посветен и на таканаречените палати на старо Скопје, кои го преживеале земјотресот од 1963, а денес некои од нив се заштитени со закон и прогласени за културно наследство на Република Македонија. Со оваа тура сакаме искуството кое ги акумулиравме работејќи на овој проект да го споделиме со граѓаните и на тој начин нашите сознанија за старо Скопје да ги дисеминираме со заедницата – изјави Василка Димитровска, директор на „Хаемус“

Целта на оваа тура низ центарот на Скопје е промоција и популаризација на богатото архитектонско наследство коешто несомнено оставило трага во архитектурата и уметноста на главниот град.

Едукативната тура низ „Палатите на старо Скопје“ се реализира по повод „Меѓународниот ден на музеите 2018“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Business Elite’s „40 under 40“: Христо Кондовски на листата 40 најуспешни млади бизнис лидери од Југоисточна Европа

Редакција

Чептер 4 Македонија слави роденден: Една декада раст

Редакција

(Галерија) Новиот шопинг-мол во „Ист гејт“ ќе биде отворен во 2020 година: Ќе биде поголем од Сити мол и со многу нови брендови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница