еМагазин
Image default
Свет

Франција ќе ги награди странските здравствени работници со државјанство поради нивната борба со Ковид-19

Франција ќе ги награди странските здравствени работници и други странци кои работат на првата линија во борбата со пандемијата со Ковид-19 со тоа што ќе им обезбеди државјанство по брза процедура за оние кои ќе побараат.

Според Упатствата од Министерството за внатрешни работи, регионалните претставници мора да дадат предност на апликации за државјанство на странци кои се активно вклучени во националните напори против епидемијата во која има речиси 31.000 смртни случаи во Франција.

Упатствата велат дека странците кои се посветени и смели во своите напори против коронавирусот можат да добијат државјанство за две години наместо вообичаените пет заради нивните значајни услуги кон државата.

Во документите се посочени посебно здравствените работници. Во упатствата не се споменува колку луѓе би можеле да имаат корист од ова решение.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Путин пукаше со снајперска пушка при посета на камп за обука на мобилизирани војници

Редакција

Помалку заразени од Луксембург: Го стави ли Русија корона вирусот под контрола?

Редакција

Унгарија ќе го одложи приемот на Шведска во НАТО поради критиките од Стокхолм за владата на Орбан

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница