еМагазин
Image default
Македонија

Францускиот и германскиот амбасадор без коментар за политичката состојба во земјава

Францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер и германската амбасадорка Анке Холштајн, утрово на прес – конференција во Битола, не одговорија на новинарски прашања врзани за актуелната општествено политичка состојба во земјава.

Според нив, фокус тема за престојот во Битола е одбележување на годишнината од примирјето на Франција и Германија, по крајот на Првата светска војна.

„Не сакам да навлегувам во генерални коментари за состојбата во земјава и посебно за политичката состојба. Денеска во Битола го одбележуваме помирувањето и зближувањето меѓу Франција и Германија,“ одговори францускиот амбасадор Бомгартнер.

На средбата со новинарите, германската амбадорка Холштајн на идентично прашање посочи дека денешниот ден го посветува на денот на примирјето и сеќавањето, насочени кон подобра иднина.

Францускиот и германскиот амбасадор утрово имаа прием кај новоизбраниот градоначалник на Битола, Тони Коњановски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И од ЕУ го „искараа“ Османи за заканите со тужби кон медиумите

Редакција

Вкупно 671 здравствени работници заболеле со Ковид-19, оздравеле 496

Редакција

Во болниците хоспитализирани 290 возрасни заболени од Ковид-19 и четири деца

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница