еМагазин
Image default
Свет

Францускиот министер за внатрешни работи под истрага за силување

Францускиот претседател Емануел Макрон и новата Влада се принудени да ја бранат одлуката за назначување на Жералд Дарманин за министер за внатрешни работи против кого се води истрага за наводното силување, јави Би-Би-Си.

Случајот беше отфрлен во февруари 2018 година, но овој јуни Апелациониот суд во Париз донесе одлука дека причините за откажување на истрагата не се доволни.

Дарманин остро ги негира тврдењата дека во 2009 година ја силувал Софи Патерсон Спац кога таа побарала правна помош од него.

Тој изјави дека таа се согласила да има секс и ја обвинува за клевета. Меѓутоа, неговото именување предизвика шок и гнев кај феминистичките групи и критичарите на Владата, пренесува Би-Би-Си.

Макрон почна со реконструкција на Владата во петокот, по лошите резултати на неговата партија Република во движење на локалните избори минатата недела.

Истиот ден, досегашниот премиер Едуард Филип поднесе оставка, а на негово место беше назначен конзервативниот политичар Жан Кастекс.

Неколку часа подоцна, судот почна истрага за реакцијата на Владата на пандемијата на коронавирусот, која се фокусира на тројца високи функционери, вклучувајќи го и Филип.

МИА/Фото: Фејсбук/Дарманин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување во Израел: Третата доза штити 97% од тешко заболување од Ковид-19, 16 дена по аплицирањето

Редакција

Алесандра Галони нова уредничка на „Ројтерс“, прва жена на таа позиција на најстарата светска агенција

Редакција

Повеќе од 500 цивили убиени во Украина, бројките се веројатно значително повисоки, велат од ОН

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница