еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Францускиот предлог“ уште не стигнал во МНР, тврди Османи, Милошоски не му верува

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на неговиот Фејсбук профил објави дека „францускиот предлог“ за деблокирање на европскиот пат на Македонија досега не е добиен во МНР и затоа нема можност да биде доставен до Собранието.

– Формално досега не е добиен „француски предлог“ како можно решение за блокадата од страна на Бугарија, затоа што прво се добиваат мислењата на земјите членки на ЕУ, со кои ние сме во постојана комуникација.

Оттука нема можност било каков предлог да се достави до Собранието и/или неговите тела.

Второ – евентуален Протокол, кој се спомнува како веќе готов документ, можеби ќе преставува записник од одржување на Меѓувладината комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија, која е предвидена со Договорот за пријателство од 2017 година. Засега е одржана само една седница на оваа Комисија во 2019 година и овој записник, кој е единствениот Протокол засега, е јавно достапен веќе три години.

Оттука, нема финализиран записник затоа што не е одржана втората седница на Меѓувладината комисија, појаснува во врска со писмото од претседателот на собраниската Комисија за надворешна политика, пратеникот Антонио Милошоски, во кое тој бара уште денеска до Собранието да бидат доставени „протоколот и Преговарачката рамка поврзана со Бугарија“.

Претходно Милошоски на Фејсбук, објави писмо со барањето за доставување на документите кое го испратил до премиерот Димитар Ковачевски и до Османи.

– За документите кои се однесуваат на Македонија, Владата нема право истите да ги крие од јавноста, туку има уставна и морална обврска да прифати и да учествува во собраниска расправа, напиша Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отец Пимен: Тоа што не успеале со оружје, успеваат со вето, ако е и од ЕУ, многу е

Академик Ќулакова: Вклучувањето на бугарското малцинство во Уставот како државотворно, значи релативизирање на државотворната улога и статус на мнозинскиот народ

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потпишан договор за стипендирање на тројца македонски олимпијци

Редакција

(Фото) Македонката Татјана Јанушева во новите колекции на Prada, Gucci, Sportmax и Alexander McQueen: Моден ангажман за престижниот магазин Collector

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ со нови детали за аферата “Броило“, од партијата го поврзаа Ковачевски со фабрика во ТИРЗ Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница