еМагазин
Image default
Македонија

Фрчковски нема да биде амбасадор во САД

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, за „Click Plus“ на ТВ21, изјави дека информацијата оти професорот Љубомир Фрчковски е кандидат за амбасадор во САД, ја објавиле медиумите, а не надлежните институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Љубомир Фрчкоски нов амбасадор на Македонија во САД

„Во ниту еден момент ние не сме кажале дека е кандидат или е отфрлен или прифатен, затоа што процедурите на кандидатури на амбасадор, односно амбасадори се до потврдување на агреманот се во дискреција и се класифицирани податоци“, рече Османи.

Тој потенцираше дека се додека Министерството за надворешни работи не потврди одредена кандидатура за назначување на амбасадор не треба да се земе како официјална вест.

Порталот МКД.мк претходно повикувајќи се на свои дипломатски извори објави дека Фрчкоски, за кого неодамна беше објавено дека ќе биде новиот македонски амбасадор во Вашингтон, од САД не ја добил согласноста за оваа дипломатска функција.

Фото: Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државниот секретар на САД, Помпео: Приемот на Македонија во НАТО ќе го намали руското влијание во регионот

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

(Фото) Први ќе се вакцинираат лица над 75 години: Преку КОВАКС пристигнаа првите вакцини од „АстраЗенека“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница