еМагазин
Image default
Локално

Фрлале амфетамин од автомобил пред очите на полицијата

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија – до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривичнa пријавa против В.Ц.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, информира МВР.

На 03.07.2019 година на бул.„Климент Охридски“ во Скопје полициски службеници запреле патничко возило кое го управувал С.Т.(28), а како сопатници биле Х.Ш.(20), В.Ц.(20) и Ј.Б.(17). Во тој момент пријавениот В.Ц. ја отворил вратата и на земја фрлил амфетамин.

Лицата биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Центар. На 04.07.2019 година, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во простории каде престојувал В.Ц. на ул.„Орце Николов“. При претресот биле пронајдени таблети метилен-диоксиметамфетамин(МДМА) и една дигитална вага со остатоци од марихуана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривичнa пријава за полицаец кој физички малтретирал приведена жена

Редакција

Тешко повреден градежен работник кој работел на деловен објект

Редакција

Несекојдневен случај во Скопје: Киднапирале крадец откако „олеснил“ казино

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница