еМагазин
Image default
Спорт

Фудбалско дружење, награди и забава за сите љубители на спортот в сабота пред „Фонтана“ во Градски парк

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) заедно со своите партнери и спортски пријатели на 5. октомври (сабота) од 11:00 часот пред фонтана во Градски парк организира спортско – забавен ден за сите љубители на спортот и фудбалот.

На саботното заедничко дружење ќе бидат организирани низа активности и наградни предизвици поддржани од партнерите на ФФМ, Горска и Сава осигурување.

Заедно со нив и со претставници од федерацијата, секои посетител ќе може да си ја проба среќата на „Тркалото на среќата“, потоа да освои вредни награди во „Трката со вода“, да шутира пенали или да се натпреварува во жонглирање.

Заеднички да се обидеме целиот настан пред „Фонтана“ во Градски парк да го исполниме со позитивна енергија и сите, од најмали до највозрасни, да се увериме во користа од спортот и спортувањето.

Овој настан на Фудбалската федерација на Македонија е поттик за сите поддржувачи на македонската репрезентација да бидат поддршка на претстојниот натпревар на Македонија против Словенија кој се игра в четврток, 10. октомври на Националната арена „Тодор Проески“.

Влезниците се во продажба од 50. до 200. денари преку mktickets.mk, на посебен пулт во Skopje City Mall и на билетарата на Национална арена.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тежок удар: Египет ја порази Македонија со 38:19 на Светското првенство во ракомет

Редакција

Се степале фудбалерите на Тетекс и Кадино, приведени четворица

Редакција

(Видео+Фото) Историски моменти во тенисот: Федерер ја заврши кариерата, плачат заедно со Рафа со кого имаат одиграно безброј антологиски мечови

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница